На интернет се појавија фотографии од еден од пејачите на популарната тинејџерска група “One Direction”, Зејн Малик кои тој не сакал да ги сподели со јавноста. Харизматичниот пејач не е единствената жртва на хакерите, но за разлика од многу ѕвезди на кои им ги крадат необјавените песни и ги поставуваат на интернет, профилот iCloud на пејачот е злоупотребен за да се дојде до фотографиите на кои тој позира без облека.
Мислењата на фановите се поделени. Додека едни се повеќе од задоволни и уживаат во фотографиите, други сметаат дека фотографиите се лажни, бидејќи недостасува една од тетоважите на Зејн. Ние се обидовме на фотографијата погоре да направивме споредба, па ваше е да одлучите дали фотографиите се вистинити или не.
Подготви: Редакција Музика24