World Music

„Guns N’ Roses“ објавија нова песна после 13 години (Видео)

Легендарните „Guns N ‘Roses“ објавија нова песна по 13 години од последниот објавен албум „Chinese Democracy“. Песната се вика „Apsurd“. Станува збор за нова верзија на песна која досега не била објавена и бендот ја снимил на пробите за албумот „Chinese Democracy“, попознатa како „Silkworms“, сега го виде светлото на денот во поинаква форма и под ново име.

Заслугите за оваа песна се на Аксл Роуз и Карам Констанца, коj веќе работеше со бендот на нивниот последен албум. Во оваа песна, Брејн е на тапани, но не се знае кој друг бил вклучен во овој сингл покрај него. Според добрите познавачи на нивната музика, препознатливиот звук на гитарата кажува и дека веројатно Слеш учествувал. Бендот ќе ја продолжи американската турнеја оваа година. Турнејата беше одложена поради пандемијата со Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира: