World Music

Хари Стајлс ќе настапи во Унгарија и Австрија

Музичарот Хари Стајлс планира голема турнеја наречена “Love on Tour 2022”. Европскиот дел од турнејата почнува на 28-ми јануари. Меѓу многуте европски градови во кои ќе настапува, како Париз, Лондон и Берлин, Стајлс ќе настапи на 13-ти јули во Будимпешта и три дена подоцна во Виена.

“Love on Tour 2022” е втората голема турнеја на познатиот пејач. Турнејата почна во септември минатата година во САД и досега се покажа како многу успешна.

Турнејата требаше да почне во април 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусот, беше одложена за февруари 2021 година. Но, и тогаш беше одложена, па дури сега фановите на Хари ќе имаат можност да присуствуваат на неговите концерти.

Можеби ќе ве интересира: