World Music

Холандија го избра претставникот за „Евровизија“

Јост Клајн ќе ја претставува Холандија на „Евровизија“ што ќе се одржи во Малме, Шведска, на 7, 9 и 11 мај. Како што пишува на официјалната веб-страница на „Евровизија“, Клајн бил избран од над 600 потенцијални изведувачи.

„Да бидам дел од натпреварот е остварување на мој сон. Го гледав заедно со моите родители, „залепен“ на екранот, година за година. Чест е да се претставува Холандија и јас сум посветен да дадам сѐ за најдобриот можен исход“, изјави тој откако дозна дека ќе ја претставува Холандија на „Евровизија“.

Станува збор за 26-годишен музичар, писател и артист. Минатото лето, тој имал број 1 хит во Германија, Швајцарија и во Австрија со песната „Фрајзенјунг“ (Friesenjung). Песната исто така била многу слушана и во Италија и во Украина.

Можеби ќе ве интересира: