World Music

Иако е геј, жените се уште лудуваат по него (Фото)

Порториканскиот поп-пејач Рики Мартин, кој важи за еден од најпосакуваните мажи во светот, објави нова фотографија на Инстаграм и го покажа својот нов имиџ. Станува збор за селфи на кое може да се забележи половина од неговото лице, а највпечатлива е промената на изгледот, односно избелената брада.

„Кога ви е досадно, осветлете се“, кратко напиша Мартин во описот на фотографијата. Повеќе од четиринаесет милиони луѓе го следат на споменатата социјална мрежа, а тој ги следеше коментарите на своите обожаватели, главно позитивни.

„Трендсетер“, „Апсолутно ми се допаѓа“, „Дедо Мраз, дали си ти?“, „Рики Мартин, врати ни го Рики Мартин“, „Русокосите повеќе се забавуваат“, се само некои од коментарите под објавата. Фасцинантен факт е дека жените ширум светот сè уште лудуваат по Рики, иако популарниот „крал на латинскиот поп“ пред десет години јавно призна дека е хомосексуалец, а веќе некое време живее со својот партнер Гван Јозеф, со кого има и деца.

Можеби ќе ве интересира: