Познатата светска пејачка Ријана, верувале или не, снима филм за самата себе. Како што пишуваат светските медиуми, таа ќе има можеби мала улога во новиот филм на Леонардо Ди Каприо, но затоа пак ќе биде главна ѕвезда во филмот со работен наслов: “Rihanna: The Movie”. Имено, долгометражниот филм ќе даде сосема нов, најискрен досега, поглед во животот на пејачката, прикажувајќи го нејзиниот пат од почетоците на Барбадос до развојот во светска музичка икона.
Филмот ќе го режира Питер Берг, со кој пејачката соработуваше во филмот “Воен брод”. Режисерот има големи амбиции за овој проект. Како што пишува “Дедлајн”, неговата намера е да сними филм кој би можел да стои рамо до рамо со култниот документарен филм “Не гледај назад” за Боб Дилан.
Подготви: Редакција Музика24