World Music

„Iron Maiden“ на дресот на фудбалскиот клуб Вест Хем (Фото)

Познатиот бенд „Iron Maiden“ и славниот клуб од Премиер лигата, Вест Хем, продолжија да соработуваат, на радост на многу фанови. Имено, името на легендарната рокенрол група ќе се најде на резервниот дрес на познатата англиска фудбалска екипа, како и на опремата за обука.

„Iron Maiden“ гордо ја објави оваа соработка на својот Твитер профил. Стив Харис го претставуваше бендот на презентирањето на новиот резервен дрес и опрема во рамките на колекцијата „Die With Your Boots On“.

Не е изненадувачка соработката помеѓу групата и познатиот фудбалски клуб, бидејќи членовите на овој бенд, пред сè Стив Харис и Брус Дикинсон се фанови на овој англиски клуб. Исто така, бендот соработуваше со овој фудбалски тим пред две години, како дел од истата колекција.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....