2021 година започна одлично, барем во филмскиот и телевизискиот свет, а нè очекуваат голем број супер наслови. Откако пред неколку дена излезе долгоочекуваниот контроверзен документарен филм „Allen v. Farrow“ за Вуди Ален и обвинувањата за силување на сопствената ќерка, ќе видиме детално уште еден живот на славна личност. Имено, на 24-ти март во HBO доаѓа документарниот филм „Tina“, за една од најголемите пејачки на сите времиња, Тина Тарнер.
Филмот детално се занимава со нејзиниот живот, подемите и падовите како приватно, така и деловно. Како пејачката се здобила со иконски статус во 1980-те и како се борела со нејзиниот сопруг насилник 20 години. Овој филм, проткаен со интервјуа и разговори со нејзините најблиски соработници, ќе биде најинтимниот приказ на животот на оваа легендарна пејачка. Бабата на рокенролот, како што ја нарекуваат, ја започна својата кариера во педесеттите години, а сето тоа избувна во раните осумдесетти со култниот албум „Private Dancer“.
Во продолжение, погледнете го трејлерот за претстојниот документарец: