World Music

Џастин Бибер го имаше најлошиот роденден досега

Дури ни славата не го спречи Џастин Бибер да има лош 19-ти роденден. Во раните утрински часови на 1-ви март на Твитер напишал дека го очекува голема ноќ, но, уште не заврши денот и неговите следбеници беа шокирани од новата порака “најлош роденден”. Прославата требало да се одржи во елитен клуб со познати гости на јавноста од секакви профили, но биле замолени да го напуштат локалот, а како аргумент била безбедноста на гостите и на самиот клуб, поради тоа Бибер се вратил разочаран во хотелот.

Неговиот пријател Рајан Батлер на Твитер ја објавил следната порака: “Ова е неверојатно. Не може да се забавува дури ни на неговиот роденден”. Можеби големиот број папараци се виновни за проблемите што настанале на роденденската забава. Но, покрај целата драма Џастин веројатно се задоволи со повеќе од 35 милиони следбеници кои му упатија искрени честитки и желби за неговиот роденден, на кои, тој се заблагодари.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: