World Music

Џенифер Лопез ќе објави нов албум во февруари

По една деценија пауза, фановите ќе добијат нов албум на Џенифер Лопес во февруари следната година. Педесет и четиригодишната пејачка и актерка кажа дека излегувањето на албумот „This Is Me… Now“ на 16 февруари ќе биде проследено со музички филм.

Претходно, на 10 јануари, ќе биде објавен првиот сингл од новиот албум, „Can’t Get Enough”. Режисер на филмот е Дејв Мејерс, а сценариото го напишаа Лопес и нејзиниот свршеник Бен Афлек.

„Наспроти сè што досега сте го виделе од Џенифер Лопес, ‘This Is Me… Now: The Film‘ е наративно, интимно, рефлективно, секси, смешно, фантастично и високо визуелно музичко осмислување на нејзиниот јавно следен љубовен живот“, стои во најавата на филмот.

„This Is Me… Now“ е деветтиот студиски албум на Лопес, прв од 2014 година.

„Овој албум е најискреното нешто што сум го направила досега, кулминација на тоа која сум како личност и уметник“, изјави таа.

Можеби ќе ве интересира: