World Music

Џенифер Лопез љубоморна на поранешниот сопруг?!

Џенифер Лопез не може да поверува дека Марк Антони е во врска со Клои Грин. Пејачката е гневна бидејќи нејзиниот поранешен сопруг завел толку помлада девојка. Освен тоа, блиските пријатели на пејачката открија дека таа е бесна затоа што Клое е побогата од неа. Британката Клое е ќерка на милијардерот Филип Грин чие богатство се проценува на 2 милијарди евра.

На почетокот на февруари, Џенифер и Марк заедно го прославија 12-от роденден на неговиот син Кристијан. Латино дивата на прославата го донесе и своето момче, Каспер Смарт. Имено, Марк нема ништо против врската на неговата поранешна сопруга и младиот танчар, додека Џенифер ја “јаде” љубомора што тој е повторно среќно заљубен.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: