И иако организаторите на овогодинешното доделување на Греми награди, пред извезно време забранија и им назначија на учесниците дека не треба да се појавуваат во провокативни тоалети, односно да не ги откриваат своите делови од телото, сепак Џенифер Лопез или не ја имаше слушнато оваа забрана или вчера вечер сакаше да биде (во што и успеа) најпосакуваната и најгледната од сите присутни. Таа во фустан на дизајнерот Антони Вакарело привлече огромно внимание во Лос Анџелес, успеа да ги заобиколи правилата и од својот секси фустан да ја “исфрли” разголената нога. Сето тоа и донесе негативни коментари, меѓукои и дека со оваа постапка таа сакала да ја имитира познатата актерка Анџелина Џоли.“Ништо не ми рекоа за ногата. Мислам дека сум добра девојка. Па, покажав само малку рамо и малку нога”, изјавила за медиумите Џенифер Лопез на црвениот килим пред доделувањето на “Греми”.
Подготви: Александра Блажевска