World Music

Џастин Бибер го покажа задникот

Откако Џастин раскина со девојката започна да прави невообичаени работи, го видовме со џоинт, имаше проблеми со поранешните телохранители, една девојка велеше дека од гласната музика оглувела на неговиот концерт… а сега гледаме и фотографија каде тој го покажува својот задник.

Тој фотката ја објавил на Инстаграм, а откако сфатил што глупост направил, само по неколку минути ја избришал, но повеќето од неговите следбеници кои се исто така големи фанови фотографијата ја копирале и ја постирале на своите профили меѓу кои ја превземале и светските медиуми.

Џастин веројатно често поставува шегобијни фотки на твитер профилот каде има 33 илјади следбеници, па така на една од нив напишал: “Еве, за сите вас кои велите дека панталоните ми висат” (на фотографијата се гледа дека тој носи тенки панталони со висока половина).

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: