World Music

Џастин Бибер со погрешна тетоважа

Веќе пишувавме за лудориите на Џастин Бибер, но овај пат тој навистина ем згреши ем се посрамоти и тоа на светско ниво. Сакајќи да направи нова тетоважа и притоа тоа да биде бројот 1975, тој наместо римски правилно, побарал да му се истетовираат бројки засебно од овој број.

Па така, наместо MCMLXXV што всушност е 1975, тој на тетоважата ги има I, IX, VII и V или 1, 9, 7 и 5. Дали Џастин ова намерно го направил или навистина згрешил, тоа само тој знае.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: