World Music

Ќе се снима филм за Мајкл Џексон

Режисерот Антоан Фукуа ќе снима биографски филм за за светски познатиот пејач Мајкл Џексон едноставно насловен „Мајкл“, пишува филмскиот магазин „Hollywood Reporter“.

„Според мене, не постои уметник со сила, харизма и чист музички гениј како Џексон. Гледањето на неговата работа влијаеше на мене да правам видеа. Неговата музика и тие слики се дел од мојот поглед на животот, а можноста да ја раскажам неговата приказна на екранот, со неговата музика е неодолива“, изјави Фукуа.

Режисерот на „Training Days“ и „The Righteous“ се присети дека неговите први дела биле видеа и дека се уште чувствува дека спојот на филмот и музиката е длабок дел од тоа што е тој. Филмот „Мајкл“ ќе биде продуциран од Лајонсгејт, по сценарио на Џон Логан познат по филмовите „Гладијатор“ и „Авијатичарот“, а во продукција на Греам Кинг, кој работеше на филмот за пејачот Фреди Мекјури „Боемска рапсодија“.

Се уште не е прецизирано кој би можел да го игра Џексон, кој меѓудругото е познат и по тоа што ја избели кожата. Растејќи во музичко афроамериканско семејство, Џексон се стекна со слава како момче во хаус бендот „Џексон фајв“, а потоа се впушти во една од најуспешните независни пејачки кариери во светот.

Тој го сними најпродаваниот албум на сите времиња „Thriller“ кој досега е продаден во над 70 милиони копии, благодарение на седум синглови, вклучувајќи ги „Billy Jean“ и „Beat It“.

Џексон продолжи да постигнува светски успеси со хитовите „Bad“, „I Just Can’t Stop Loving You“, „Black or White“ и „Remember the Time“, но неговата кариера до некаде попушти по неколкуте обвинувања за сексуално вознемирување на деца, иако подоцна судот го ослободи.

Тој ненадејно почина од срцев удар додека се подготвуваше за турнеја за враќање на музичката сцена, во 2009-та година.

Можеби ќе ве интересира: