World Music

Кенет Брана ќе режира филм за познатата група „Bee Gees“

Познатиот ирски актер и режисер, Кенет Брана, ќе режира биографски филм за познатата музичка група „Bee Gees“. Филмот ќе ги следи почетоците на триото на браќата Гиб, од нивните скромни почетоци до врвот на нивната слава во 60-те и 70-те години.

Сценариото го пишува Бен Елтон, а во улога на извршен продуцент се јавува единствениот жив член на групата, Бари Гиб. Реномираната продукција Paramount Pictures ги откупи сите авторски права од браќата Гиб, со цел богатото творештво на групата да се користи во филмот.

„Bee Gees“ беа формирани во 1958 година, а настапуваа во состав од Бери Гиб и неговите помлади браќа близнаци Робин и Морис. Брана покрај бројните филмски улоги е познат како режисер филмовите „Тор“, „Пепелашка“, „Убиство на Ориент експрес“ итн.

Можеби ќе ве интересира: