World Music

Крис Мартин од Колдплеј е во врска со актерката Анабел Валис

Валис, која игра во ТВ серијата “Peaky Blinders”, повеќепати беше забележана со рокерот, по што таблоидите започнаа да се интересираат за неа. Во октомври беа видени како се бакнуваат, а според луѓето блиски до неа, таа има разбирање за Мартин и е повеќе од дискретна.

“Анабел е подеднакво дискретна како Крис. Таа знае дека децата се уште му се на прво место”, вели еден нејзин пријател. Крис ги има 11-годишната Apple и 9-годишниот Moses од бракот со актерката Гвинет Полтроу. Двојката се раздели во март 2014, после 10 години минати во брак. По разделбата Мартин се гледаше со младата американска филмска ѕвезда Jennifer Lawrence. Врската, со неколку прекини, траеше една година.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: