Бијонсе на својот профил на Твитер постираше фотографија на Блу Ајви Картер, нејзина и ќерка на раперот Џеј Зи на која се гледа дека личи на татко и. Фотографијата е дел од документарецот за Бијонсе “Life is but a dream”, кој стана хит. Коментарите за сликата на фановите на Бијонсе во најголем број се дека таа личи на татко си.
Првото дете на познатата пеачка и рапер е родено во Њујорк на 7-ми јануари 2012 година. Гордите родители го заштитија несекојдневното име со што ќе бидат сигурни дека само нивната ќерка ќе се вика Блу Ајви.
Подготви: Редакција на Музика24