Амариканската пејачка Лејди Гага ги откажа преостнатите концерти од својата турнеја “Born this way ball”, бидејќи мора да биде подложена на операција на колк.
“За жал, Лејди Гага има оштетен десен колк и мора на операција. Поради тоа го откажа остатокот од турнејата”, објави нејзиниот промотор “Live Nation”. Откажани се 20 концерти од завршниот дел од нејзината светска турнеја која што започна во април 2012-та година. Досега одржа 80 концерти низ целиот свет, заработувајќи од нив 160 милиони американски долари само од продажба на влезниците. Лејди Гага, 26-годишната Стефани Германота како што е нејзиното родено име, првично откажа само четири концерти, во Чикаго, Детроит и Хамилтон поради синовитис, воспаление на зглобната обвивка. Меѓутоа, по неколку дополнителни лекарски прегледи откажан е и остатокот од турнејата.
“Болките ги криев извесно време, бидејќи не сакав да ги разочарам своите обожаватели. Меѓутоа, по настапот во Монтреал не можев ниту да одам, ниту да одам. Скршена сум и тажна. Се надеваме дека сé брзо ќе заздрави. Го мразам ова многу силно”, напиша пејачката на својот профил на Twitter.
Подготви: Редакција на Музика24