World Music

“Lay me down” нов видео запис на Сем Смит

После подолг период најавување на самото сценарио на синглот “Lay me down” доживеа своја екранизација каде за неколку дена на самиот You Tube канал го надмина бројот од 5 милиони прегледи.

“Овој видео запис ги прикажува моите соништа дека еден ден геј мажите и жените, како и двополовите личности ширум светот, како и сите останати семејства и пријатели, ќе имаат можност да се венчаат под кој било покрив, во кој било град или село, во која било земја. Се надевам дека ќе уживате во спотот. Ве сакам сите“, вели Смит, а како изгледа сето тоа можете да погледнете подолу.

Воедно Сем Смит е најпродаваниот изведувач во 2014 година каде во неделата настапи на доделувањето на Греми награди со кој е номиран за дури 6 категории, а на 25-ти овој месец ќе запее и на сцената во лондонсктаа арена “О2”, на доделувањето на британските музички награди, каде што е во трка за 5 статуетки.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: