World Music

Лејди Гага ги демантираше гласините за бременост (Фото)

Откако неодамна во медиумите и на социјалните мрежи се појавија гласини за нејзината бременост, Лејди Гага реши да проговори. Имено, пејачката за време на викендот се појавила заедно со партнерот Михале Полански на пробата на свадбата на нејзината сестра, а ден подоцна и на свадбата.

Лејди Гага за свадбената проба на нејзината сестра носеше тесен црн фустан каде што беше нагласен нејзиниот стомак, поради што многумина се посомневаа дека е бремена.

Но, Лејди Гага ги демантираше гласините преку нејзиниот профил на TikTok.

„Не сум бремена, само лоша сум во теретана“, напиша таа во описот на видеото додека насмеано позира пред камерата.

Можеби ќе ве интересира: