World Music

Лејди Гага на роденденска забава кај познатиот пејач Тони Бенет

Славниот американски пејач Тони Бенет го прослави 90-от роденден, а меѓу гостите беа многубројни познати личности, како Џон Траволта, Брус Вилис и Леди Гага. На прославата било забележано и присуството на актерот Стив Бушеми, актерот и пејач Реџис Филбин, како и други славни личности. Бенет особено уживал во друштвото на Леди Гага, со која станал близок пријател по соработката на заедничкиот џез албум “Cheek to Cheek”.

“Го сакам животот. Тоа е голем подарок и благодарен сум за секој миг што го уживам”, изјавил Бенет. Кариерата на Бенет трае повеќе од 60 години. Добитник е на 19 Греми награди, снимил повеќе од 70 албуми, од кои најпродаван е “I left my heart in San Francisco”.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: