World Music

Леонардо ди Каприо и се извини на Лејди Гага

Леонардо ди Каприо призна дека се срами од својата реакција на Лејди Гага на наградите “Златен глобус” во неделата. Ди Каприо ги крена веѓите од чудење и се насмеа кога објавија дека поп-ѕвездата доби награда за улогата во серијата “Морничава семејна приказна”. Вчера Лео рече дека се срами од смешната фаца која ја направил додека пејачката минувала покрај него.

Од кадрите се гледа дека холивудскиот актер гледа кон фигурата на Гага во грбот со доста непристоен израз, за ​​што тој си ги понесе критиките на интернет. Ѕвездата од филмот “The Revenant”, изјави вчера пред Entertainment Tonight, дека не ја навредил Гага намерно.

“Јас само не знам кој поминуваше покрај мене и се изненадив. Гага ме турна по лактот и јас изреагирав. Тоа е се! Жал ми е”, изјави Ди Каприо. Според инсајдерски информации, подоцна вечерта по наградите, вереникот на русокосата, Тејлор Кини, се приближил до Ди Каприо и му рекол учтиво дека е редно да и се извини за грубото однесување. Близок до Гага извор вели дека, сепак, таа намерно се удрила во Лео, бидејќи слушнала дека тој прави негативни коментари за неа уште пред шоуто да започне, бидејќи сметал дека таа не заслужува номинација.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: