World Music

Мадона привремено го загуби старателството над синот Роко

Светските музички медиуми на големо го следат судскиот судир помеѓу светски познатата Мадона и нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи, околу старателството над нивниот 15-годишнен син Роко. Иако поп-ѕвездата се надевала дека ќе успее непослушниот тинејџер да го врати дома, судот одлучил дека Роко до летото, кога се очекува конечната одлука, да живее кај својот татко во Лондон.

Мадона се уште официјално не се огласи по овој повод , но сигурно не е среќна поради оваа пресуда. Роко реши да остане во Лондон со неговиот татко и неговата сопруга, манекенката Жаки Ајнсли, откако се оглушил на повикот на својата мајка со неа да ги прослави божиќните празници во Њујорк. Тој се пожалил дека веќе не може да ја издржи дисциплината која му ја наметнува Мадона, која е позната по својата строгост, а морал цело време да ја следи на нејзината турнеја бидејќи е малолетен.

Потоа Мадона и Гај Ричи завојувале на социјалните мрежи. Иако во претходните неколку недели се појавија фотографии на кои се гледа како Роко држи цигара и џоинт во рака, пејачката на суд очигледно не успеала да докаже дека Гај Ричи не се грижи доволно добро за нивниот син.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: