Американската поп-пејачка Мадона и натаму е женска уметница со најмногу продадени музички плочи на сите времиња, објави вчера Гинисовата книга на рекорди.
Се истакнува и дека Мадона има продадено повеќе од 400 милиони плочи во текот на нејзината 40-годишна кариера, пренесува „Пипл“ (People). Пејачката го држи рекордот од 2009 година, а по неа следат Ријана, Мараја Кери, Тејлор Свифт и Бијонсе.