World Music

Мадона и Мајк Тајсон снимија дует (Видео)

Мадона ги обединила силите со раперот Ченс и бившиот боксер Мајк Тајсон за да ја направат заедничката песна “Iconic”. Иако самата пејачка не планирала тоа да го открие пред објавувањето и промоцијата на новиот албум, планот и го расипале хакерите, кои пред неколку седмици и го украле и го објавиле нејзиниот нов албум, “Rebel Heart”. Списокот на песни се состои од 19 синглови, а “Iconic” е една од оние песни, која особено ги изненадила нејзините фанови, зашто се работи за необична спој. Но, сите песни од албумот по “истекувањето”, се тргнати од You Tube, па само некои биле доволно брзи да го преслушаат целиот.

Официјалниот албум ќе биде објавен во март, три години по излегувањето на “МДНА”. Освен со Тајсон, Мадона соработувала и со други ѕвезди, па така направила и еден сингл со Ники Минаж, “Bitch I’m Madonna”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: