World Music

Мадона: И понатаму живееме во сексистичко друштво

Веќе неколку дена светските медиуми на големо пишуваат и објавуваат прилози за паѓањето на Мадона која падна од сцената за време на нејзиниот настап на доделувањето на Брит наградите. Додека некои се шегуваат на нејзина сметка, други ја обвинуваат дека таа сето тоа го исценирала. А таа е лута, не пораѓи паѓањето, туку затоа што нејзиното прозивање беше на нејзините години. Мадона која има 56 години, тврди дека е жртва на дискриминација поради годините.

“Ме прозиваат поради годините. И тоа само затоа што сум жена. Ако бев машко, тоа немаше да биде така. И понатаму живееме во сексистичко друштво. Никој не би се осудил да прави вакви шеги на сметка на некој затоа што е црн или геј”, рекла пејачката по неславниот пад.

“На сметка на моите години секој се најде повикан да каже нешто деградирачко. И секогаш се прашувам: Зошто тоа е прифатливо? Луѓето ме осудуваат само на основа на тоа колку години имам. Генерално, жените кога ќе дојдат во одреден животен период, како да прифатиле дека не смеат да се однесуваат на одреден начин. Но, јас не ги почитувам правилата. Никогаш не ги почитував и сигурно сега нема да почнам”, додала Мадона.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: