Со голем спектакуларен концерт, вчера вечер во Келн, Германија светски познатата поп дива Мадона ја започна европската турнеја. Оваа, десетта по ред турнеја, е насловена “Rebel Heart” исто како и актуелниот, тринаесетти по ред студиски албум, кој официјално излезе во март годинава. Во целосно распродадената арена “Ланексес” , Мадона покрај новите хитови како “Iconic”, со кој го отвори концертот, “Holy Water” и “Bitch I’m Madonna” пееше и дел од старите хитови кои долго време не ги изведувала во живо.
Подготви: Редакција на Музика24