World Music

Пол Макартни открива: Работата со Кање Вест е иста како со Џон Ленон

Неодамна во една прилика, популарниот музичар Пол Макартни откри дека работата со раперот Кање Вест е речиси слична како онаа кога соработувал со покојниот Џон Ленон. Тој поминал два дена со раперот Вест, по што ѕвездата од “Битлси” заклучила дека неговата соработка многу го потсетуваа на времето поминато со Џон Ленон. Првично Макартни бил скептичен за соработката со раперот и дури изјавил дека ништо нема да излезе на виделина, ако не е задоволен од крајниот опција.

“Тој е многу талентиран, но се разбравме дека ако не добие, ќе си ги истресеме рацете и ќе си заминеме”, раскажа Макартни.

Првата соработка помеѓу Вест и Макартни се случи кон почетокот на минатата 2014-та година при создавањето на песната “Only One”, посветена на малата ќеркичка на Кање и Ким Кардашијан – Норт. Песната беше пуштена на 1 јануари и во неа 72-годишниот ветеран свири на пијано, додека раперот Вест пее од името на починатата мајка.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: