World Music

Макрон барал „Манескин“ да бидат дисквалификувани

Минатата година францускиот коментатор и водител Стефан Берн беше француски коментатор на Евровизијата во Ротердам кога наводно добил итна порака од францускиот претседател Емануел Макрон.

Таа финална вечер, пристигнуваа гласови а на второ место беше француската претставничка Барбара Права. Во тој момент се ширеа гласини и дека Дамијано Давид, пејачот на италијанскиот бенд „Манескин“ (кој водеше и на крајот победи на Евровизија во Ротердам), наводно конзумирал кокаин за време на големото финале. Што подоцна се испостави погрешно.

Тоа беше голем, голем хаос. Добив толку многу пораки на мојот мобилен телефон. дури и од францускиот претседтаел, во кои ми беше кажано дека „Манескин“ мора да биде дисквалификуван, нагласувајќи: „Мораш нешто да направиш, те молам“. – се присети Берн.

Освен Макрон ургирал и друг висок француски функционер.

Ми испрати порака и францускиот министер за европски прашања, кој беше во Ротердам на натпреварувањето. „Што да правиме, што да правиме, те молам направи нешто“. што можев да направам? Јас не бев домаќин. Јас не сум претседател на Евровизија. – додава коментаторот.

Според Стефан Берн, и тогашната претседателка на ЕБУ (Европската радиодифузна унија), која го организира натпреварот а која е по потекло од Франција, советувала сите да останат смирени.

Делфин Ернот рече дека ако победиме, сакаме да бидеме победници по заслуга, а не затоа што ги дисквалификувавме првопласираните. Така што ние не кренавме врева или протестиравме за тоа. – објаснува берн.

Фронтменот на „Манескин“ подоцна бил тестиран за дрога, а тестовите биле негативни. Но Берн никогаш нема да заборави дека од него било побарано да ја „запре“ Евровизија по наредба на претседателот Макрон. Наводно, Макрон секогаш гледал Евровизија бидејќи тоа е многу патриотска работа.

Кабинетот на претседателот Емануел Макрон не одговори на барањето на Би-Би-Си ги коментира овие наводи на Стефан Берн.

 

Можеби ќе ве интересира: