World Music

Мараја Кери нов ексклузивец на “Epic Records”

Мараја Кери е најновиот член во семејството на дискографската куќа “Epic Records”, која е дел од Sony Music Entertainment и издава албуми за имиња како што се Мајкл Џексон, Ози Озборн, Никол Шерцингер, Шаде, Меган Трејнор, Сара Барелис, “Џудас Прист”, “Ауткест” и други. Познатата пејачка повторно ќе ги здружи силите со Антонио “Ел-Еј” Рид, потпишувајќи договор за повеќе албуми, потврдил портпаролот на “Сони” за “Билборд”.

Новиот договор ќе започне со компилација од најголемите хитови, а веројатно ќе има и освежени и дуетски верзии на нејзините најпознати класици. Последното издание кое пејачката го издаде преку Sony беше албумот “Rainbow” од 1999 година, каде што се сместени сингловите “Heartbreaker” и “Against All Odds (Take a Look at Me Now)”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: