World Music

Мараја Кери за време на снимање на спот доживеа несреќа

Снимајќи го својот најнов видео запис, пејачката Мараја Кери, го поместила рамото за време на еден од сетовите и веднаш била хоспитализирана. Ова се случило за време на сниманњето на спотот за темата “Beautiful”, режиран од нејзиниот сопруг Ник Канон. Како што извести нејзиниот портпарол, по извршениот мал медицински зафат, Мараја е веќе подобро и се одмора пред да продолжи со нејзините следни работни ангажмани. Пејачката моментално е актуелна со најавите за нејзиниот нов албум “The Art of Letting Go”, кој се очекува да излезе годинава.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: