World Music

Мајкл Бубле и Луисана Лопилато очекуваат бебе

Канадскиот пејач Мајкл Бубле потврди дека со неговата сопруга ќе станат родители на почетокот на наредната година, ќе имаат машко бебенце. Пејачот со актерката и топ модел од Аргентина, Луисана Лопилато која ние ја познаваме како Миа Колучи, стапија во брак на 31-ви март 2011-та. Луисана кога веќе била сигурна дека е бремена, била очајна да дознае бебето кој пол е.

“Ние сме возбудени. Само што доаѓаме од болница, а сонограмот беше прилично јасен, тоа е момче!”, изјави Мајкл. Имајќи во предвид дека новиот папа на Римокатоличката црква е токму од Аргентина, Луисана се пошегува и вели:

“Тое е знак! Затоа и сакав да го знам полот, иако нема шанси да го викаме Френк, колку и да е добар Синатра”. Сепак, Мајкл уште открил дека не сакал да го знае полот се додека бебенцето не дојде на свет, но сепак за тоа одлучила сопругата, бидејќи таа била главна скоро во се.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: