World Music

Мик Џегер објави нова соло песна за новата серија на Apple

Легендарниот фронтмен на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, објави нова соло песна наречена „Strange Game“. Песната беше објавена како насловна песна на новата серија на Apple „Slow Horses“, чии први две епизоди исто така беа објавени истиот ден.

Навистина уживав во креирањето на темата за „Slow Horses“ со Даниел Пембертон, прочитав многу книги и бев запознаен со некои помрачни и понепријатни ликови и знаев во кој правец сакам да одам, се надевам дека ќе уживате! – изјави Џегер во оваа прилика.

Да потсетиме, „Стоунс“ неодамна ја потврдија новата европска турнеја, која ќе ни биде најблиску на 15-ти јули, на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена.

 

Можеби ќе ве интересира: