World Music

На аукција ќе се продава култната јакна на Мајкл Џексон (Фото)

Култната јакна што некогаш ја носеше поп-ѕвездата Мајкл Џексон треба да се најде на аукција во Лондон во ноември, објави Би-Би-Си. Јакната беше облечена во реклама на Пепси во 1984 година и е меѓу повеќе од 200 предмети за продажба.

Црно-белата кожна јакна, направена по нарачка за Џексон за рекламата, вреди помеѓу 200.000 и 400.000 фунти. Тоа е прва во серијата реклами за безалкохолен пијалок во кој учествуваше суперѕвезда. Рекламата денес најдобро се памети затоа што при едно снимање на Џексон му се запалила косата и тој се здобил со изгореници по проблем со пиротехника. Меѓутоа, тој во таа прилика облекол поинаква јакна.

Предметот ќе биде продаден на аукција од продавачот на костими и реквизити Propstore, заедно со јакната La Rocka на Џорџ Мајкл, која ја носел додека пеел дует со Арета Френклин во 1987 година.

На аукцијата ќе може да се купи и штипката за коса што ја носела Ејми Вајнхаус во 2007 година за спотот за You Know I’m No Good, песна од нејзиниот последен албум Back To Black.

Други сувенири што се на продажба вклучуваат предмети поврзани со Дејвид Боуви, Елвис Присли и Битлси. Гитарата Гибсон што му припаѓала на Ангус Јанг од AC/DC би можела да достигне цена до 120.000 фунти, додека токата на ременот што му припаѓала на Џон Ленон е проценета на 60.000 фунти.

Можеби ќе ве интересира: