World Music

Новиот „Џокер“ ќе биде мјузикл а Лејди Гага ќе има главна улога ?!

Како што е познато, режисерот Тод Филипс најави дека филмот „Џокер“ ќе добие продолжение. Покрај Хоакин Феникс (кој треба повторно да го глуми Џокерот), во овa продолжение ќе глуми и Лејди Гага, која треба да го игра ликот на Харли Квин.

Според The ​​Hollywood Reporter, претстојното продолжение ќе биде мјузикл. Засега, Хоакин Феникс се уште е во преговори со студиото Ворнер за неговата вклученост во филмот. Лејди Гага пак преговара да ја игра Харли Квин, психијатарот на Џокерот во Аркам Азил, кој се заљубува во него, му помага да избега и на крајот станува негов пријател и партнер.

Минатата недела режисерот Тод Филипс го најави продолжението на „Џокерот“ кој го носи работен наслов „Joker: Folie a Deux“. Тој објави фотографија од Хоакин Феникс како чита сценарио напишано од споменатиот режисер и неговиот ко-сценарист Скот Силвер.

Можеби ќе ве интересира: