World Music

Новото момче на Мадона е 29-годишен боксер

Таблоидите неодамна открија дека Мадона има ново момче по ставањето крај на кусата романса со 23 годишниот моделот Ендрју Дарнел. Според упатените, 64-годишната кралица на попот веќе неколку недели се гледа со борачот Џош Попер (29 години), кој го тренира нејзиниот син во сала за вежбање во Њујорк.

Извор близок до новиот пар тврди дека тие се во љубовна врска со недели.

Џош продавал животно осигурување пред пандемијата да го поттикне да ја отвори салата „Бредвинерс“ во квартот Флатирон на Менхетн пред речиси три години, каде што тренирало едно од шесте деца на Мадона. Тој исто така се појави во најновата сезона на реалната серија на „Браво“, Summer House, која следи група од девет млади пријатели што живеат во викендичка во Монтаук во Ист Хемптон.

Инсајдер изјави за „Пејџ сикс“:

„Тоа со Ендру беше лежерна работа, така што таа не е со скршено срце. Моментот беше лош. Таа има мала криза на самодоверба и ова не помага. И беше многу забавно со Ендру, но тоа не беше љубов или ништо слично“.

Мадона и Ендру почнаа врска по завршувањето на нејзината тригодишна врска со 28-годишниот танчар Ахламалик Вилијамс.

Можеби ќе ве интересира: