World Music

Објавен трејлерот за документарецот за Бритни Спирс (Видео)

Објавен е првиот трејлер за документарниот филм „Frame Britney Spears“ во кој се зборува за нејзината музичка кариера, но и за правните битки што ги води со нејзиниот татко, како и за движењето #FreeBritney.

Да потсетиме, Спирс беше под заштита на нејзиниот татко од 2008 година, по хоспитализацијата поради нејзиното наводно нестабилно ментално здравје. Таа судска одлука требаше да биде привремена, но беше прогласена за трајна во декември истата година и оттогаш Бритни има големи проблеми поради тоа. Во август 2020 година, Бритни изјави дека повеќе не сака нејзиниот татко да ги контролира нејзината кариера и живот, но ништо не се сменило. Во ноември истата година, таа побара да биде отстранет од позицијата старател и да биде исфрлен од нејзиниот имот и рече дека повеќе нема да настапува.

Кампањата #FreeBritney, започната пред повеќе од една деценија, продолжи низ своите бурни борби, повикувајќи ја поп-sвездата да добие автономија над нејзиниот живот.

Филмот треба да биде претставен како шести дел од документарната серија „The New York Times Presents“ во февруари годинава. Документарецот ќе биде прикажан на 5 февруари и на американската мрежа FX и на стриминг-страницата Хулу. Во филмот се појавуваат блиски пријатели на пејачката и адвокати вклучени во судскиот спор. Најавено е дека филмот ќе ја преиспита нејзината кариера и ќе понуди нова перспектива за движењето против старателството што и беше доделено преку судовите, со акцент на невкусните димензии на американската поп машинерија.

Можеби ќе ве интересира: