World Music

Објавена непозната песна од Џими Хендрикс (Видео)

Пред да постигне голема слава, музичарот кој почина на 27 годишна возраст, работел со голем број уметници вклучувајќи го и Куртис Најт и “The Squires” со кои ја снимил оваа песна. Во тоа време Хендрикс бил под договор со Ед Чаплин кој му давал само еден процент од авторскиот надомест.

Џими во 1965 година снимил голем број песни со Најт, но ниедна не била многу популарна. Бидејќи бил под три годишен договор со Чаплин, имал големи проблеми со авторските права на песните кои ги снимал. Но, минатата година, организацијата која ја основал неговиот татко, успеала да ги преземе правата на песните на славниот гитарист кои ќе бидат објавени на 24-ти март. Иако поголемиот дел од песните и се познати на јавноста, една се издвојува како никогаш необјавена.

Во продолжение, слушнете ја досега необјавената песна.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: