World Music

Објавени се номинациите за “Brit Awards 2014”

Лондонската група “Bastille” и “електро браќата” Disclosure имаат по четири номинации за годинешните “Brit Awards 2014”. Ellie Goudling собра три номинации за песните “Burn” и “I need your love”. На полето на електронската музика во прв план се одличните Rudimental со три номинации.

Најдобриот британски албум за минатата година ќе се избира меѓу номинираните албуми на Arctic Monkeys, Bastille, Disclosure, Rudimental и David Bowie. One Direction се во конкуренција со Arctic Monkeys за најдобра британска поп група. Меѓу номинираните во интернационална конкуренција се: Arcade Fire, Haim, Lady Gaga, Drake, Pink, Daft Punk и Eminem. Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе се одржи на 19-ти февруари во лондонската О2 Арена, а домаќин ќе биде James Corden. Посетителите ќе ги забавуваат Ellie Goulding, Arctic Monkeys и Katy Perry.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: