World Music

Обожавателка го грабнала славниот пејач за машкоста, неговата реакција е хит (Видео)

Познатиот пејач минатиот викенд гостувал во Монтвил, Австралија, а пред концертот го пречекала група обожаватели. Многумина сакале да се поздрават со него, а една обожавателка сакала нешто повеќе, па додека Малума минувал покрај неа, таа го зграпчила за гениталиите. И сè е снимено.

Пејачот Малума не можел да ја сокрие шокираноста, а потоа и посочил на обожавателката дека тоа што го направила е погрешно и се насмевнал.

Видеото се шири на социјалните мрежи каде пишуваат дека жената од видеото ја преминала границата и дека се работи за сексуално вознемирување и дека пејачот треба да ја тужи.

Малума и претходно имал непријатни средби со обожавателите, за време на концерт го гаѓале со телефон, но тој реагираше поинаку во споредба со Карди Б која го доживеа истото и нејзината реакција предизвика критики.

Како што музичките ѕвезди треба да ги почитуваат границите на однесување, фановите исто така треба да знаат каде не се преминува границата.

Можеби ќе ве интересира: