Заврши првото издание на американската верзија на Евровизија, т.н. „Аmerican Song Contest“. Победник е претставничката на државата Оклахома, AleXa, со песната „Wonderland“.
Во финалето се натпреваруваа претставниците на Оклахома, Колорадо, Кентаки, Тексас, Американска Самоа, Конектикат, Алабама, Северна Дакота, Тенеси и Вашингтон. AleXa на крајот имаше 710, Рикер Линч од Колорадо 503, а Џордан Смит од Кентаки 407 поени.
Претставничката на Оклахома се расплака откако дозна дека победила. Слушнете ја победничката песна на американската Евровизија „Wonderland“.