World Music

Ривалски потег: “One Direction” се еден чекор пред нивниот “другар” Зајн Малик

Светски познатиот машки бенд “One Direction”, еден ден откако нивниот поранешен пријател, другар и член Зајн Малик објави дека потпишува договор со позната музичка продуценска куќа, објавија нова песна насловена “Drag me down”. Освен тоа што оваа нова песна ја објавија на неколку музички мрежи, информацијата за новото музичко парче ја споделија и на Twitter. А новата песна пак, за помалку од еден час се најде на првото место на најслушани песни на iTunes.

Интересно е и помалку чудно, што досега секогаш пред да објават песна, тие “One Direction”, вообичаено претходно ја најавувале пред да се пушти истата официјално, но овој пат дали станува за ривалски потег или нешто друго е во прашање, тие новата песна ја објавија без ниту една најава. И покрај тоа што многумина велат дека постојат одредени несогласувања помеѓу Зајн и бендот, тие едноставно сето ова го негираат и велат дека сеуште се во многу добри односи.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: