World Music

Ози Озборн “ja продал душата на ѓаволот”?! (Фото)

67-годишниот фронтмен на “Блек Сабат” смета дека ќе отиде во пеколот, кога ќе умре, бидејќи има направено многу работи кои не би требало да прави, пренесе Контактмјузик. Запрашан за што би ја продал душата на ѓаволот, Ози одговори:

“Веќе го направив тоа. Па, да ја продадеш душата на ѓаволот е кога ќе направиш нешто што не треба и јас веќе тоа го направив. Живеев живот со полна брзина. Ако има живот по смртта, јас ќе имам добро место во печката”, одговорил Ози.

Ozzy OsbourneОзборн го наслови соло албумот од 1982 година “Speak of the devil” во чест на натприродното и често намерно е предизвикување контроверзии. Зборувајќи за албумот, на кој е гол со растечена од устата крв, тој изјави:

“Имаше крв во мојата уста, сос од црвени боровинки. Реков: “Стави нешто во албумот што ќе биде цензурирано”. Ако ве цензурираат, ќе продадете повеќе албуми”, додал тој.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: