World Music

Парламентот на Јужна Кореја донесе закон со кој „БТС“ можат да го одложат воениот рок

Парламент на Јужна Кореја, неделава усвои предлог-закон со кој им се овозможува искучок на членовите познатиот поп-бенд „Bangtan Boys“ познат како „БТС“ да го одложат служењето на задолжителниот воен рок до својата 30-годишна возраст. Најстариот член на БТС, Jin, во петокот ќе наполни 28 години. Да не беше изгласан законот, тој ќе мораше да се пријави во армијата до крајот на годината. Со овој закон се продолжи кариерата на бендот за 2 години.

Според законодавството на Јужна Кореја секој маж на возраст до 28 години мора да служи воен рок од 18 месеци како дел од напорите за повисока борбена готовност поради опасност од Северна Кореја. Ваков амандман со кој се обезбедува исклучок за мега популарните „БТС“, веќе е одобрен и за други артисти од висок профил, спортисти кои освоиле медали на Олимписките или Азиските игри.

Можеби ќе ве интересира: