World Music

Пол Мекартни со предновогодишни концерти во Велика Британија и Франција

Пол Мекартни ги објави датумите за своите следни концерти во Велика Британија и Франција. Настапите се закажани по двегодишна „европска“ пауза – во 2022 година поранешниот член на „Битлс“ учествуваше на фестивалот „Гластонбери“, а сега ја продолжува турнејата „Got Back“, којашто почна претходно истата 2022 година во САД со 16 настапи.

Оваа година за Мекартни ќе заврши во Манчестер и Лондон, со настапи на 14-ти, 15-ти, 18-ти и 19-ти декември.

„Возбуден сум што ќе ја затворам 2024 година со концерти“, истакна 81-годишниот музичар. Турнејата потоа треба да продолжи во Франција и Шпанија. Мекартни претходно објави датуми и за концертите во Уругвај, Аргентина, Чиле и Перу во октомври годинава. По почетокот на „Got Back“ и после „Гластонбери“, Мекартни во 2023 година одржа 18 концерти во Австралија, Мексико и Бразил.

Во видео порака, музичарот објави дека се предвидени и два концерта во Париз, на 4-ти и 5-ти декември, во „Дефанс арената“. Во 2018 година, Макартни и неговиот бенд имаа настап пред 40.000 луѓе на истото место. „Дефанс“ е најголемата концертна сала во Европа – таму, меѓу другите, настапи и Тејлор Свифт.

Можеби ќе ве интересира: