World Music

Пејачката Џеси Џеј открива: “Како тинејџерка врсниците ме малтретираа”

Пејачката Џеси Џеј изјави дека во тинејџерските години била малтретирана од врсници затоа што пиела лекови што и ја промениле бојата на кожата во зелена. На познатата пејачка и била дијагностицирана срцева аномалија, а на 18 години доживеала и мал срцев удар. Таа во интервју за BBC 1 – Radio објаснила дека силните медикаменти што ги пиела и ја позелениле кожата.

“Не бев убаво дете, туку чудак што не се вклопува никаде. Единствено место на кое можев да избегам беа моите соништа. Уживав, затоа што можев да “отидам” на место шро е поинакво од тоа во кое што живеев. Паметам дека кога конечно почнав да добивам признанија во кариерата, добив покана на facebook од една девојка што фрлаше камења кон мене додека си одев од училиште. Тогаш си кажав: “Кој се смее сега, а?!”, открива во интервју познатата пејачка Џеси Џеј.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: