Meghan Trainor вели дека се уште нема никаква заработка од успехот на “All about that bass”. Пејачката открива дека иако песната стана огромен светски хит, се уште не добила финанскиски надомест. Во разговор со Daily Star изјавува:
“Се уште не сум заработила пари. Ми рекоа дека ќе добија голем, дебел чек по 9 месеци, што е во април, па се надевам дека така ќе биде. Сите мислат дека сум богата, но не е така”, изјавила пејачката за медиумот. Trainor зборуваше и за акустичниот дует со Harry Styles од “One Direction”:
“Harry е најдобрата личност со која може да се соработува. Добар, интересен и многу нормален. Би сакала пак да пишуваме заедно и мислам дека тоа и ќе се случи”, вели таа за соработката со познатиот пејач. Инаку, пејачката моментално е на првото место на американската листа со деби албумот “Title”.
Подготви: Редакција Музика24