World Music

Пејачката на „ABBA“ Агнета Фелцког најави соло-песна (Фото)

Агнета Фелцког, пејачка на шведската поп-група „ABBA“, ја најави својата нова, овојпат соло-песна, под наслов „Where Do We Go From Here?“ (Каде одиме ние одовде?)“.

„Светската премиера на песната е на „Би-би-си рaдио 2“. Вклучете се в четврток на 31 август во 8:30 часот“, напиша Фелцког на Инстаграм.

„ABBA“ е основана 1972 година, а последниве години членовите, по подолга пауза, повторно се обединија и одржаа неколку концерти. Групата се здоби со светска популарност во 1974 година, кога победи на „Евровизија“ со песната „Waterloo“.

Можеби ќе ве интересира: