World Music

Пејачот Ник Џонас ја покажа својата преубава девојка – “Мис Универзум 2012”

Пејачот Ник Џонас се појави со девојката Оливија Кулпо на церемонијата “Мис Универзум 2015 година”. Најпрестижниот натпревар за убавина, чии правата ги поседува самиот магнат Доналд Трамп, се одржа во “Trump National Doral” во неделата вечерта. 22-годишниот изведувач на хитот “Chains” ја исполни во текот на шоуто новата песна “Jealous”, во спотот на која учествува и мис Кулпо.

Оливија, која исто така има 22 години, е поранешна “Мис Универзум” (таа ја освои титулата во 2012-та и е првата американка која станала “Мис Универзум”). На настанот сексапилната бринета се појави во прекрасен бел фустан на брендот “MT Costello”, кој остави малку на имагинацијата. Ник и Оливија имаат врска од околу година и половина. Самиот тој изјави минатата година во интервју дека таа е првата жена со која имал секс. Пред да ја започне врската со неа Ник (тој стана познат со групата “Џонас брадерс”, во која е заедно со браќата Кевин и Џо), тврдеше дека планира да остане девица до свадба.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: